29/03/2024
Охрид

Левица: Наместо да се изнајмуваат сијалички, да се купат украси кои ќе останат за Општина Охрид

Локалниот огранок на партијата Левица – Охрид, испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Во време на здравствена криза кога Охрид  битисува без странски туристи, а кај локалните жители избледе еуфоријата за прослава и голем број работници останаа без работно место и секојдневно молат за донаторска финансиска помош, за дочекот на 2021год. Општина Охрид потроши 20,600 евра.  

Од  2015 год. до 2020 година  потрошила вкупно 141.976 евра или  8.731.547 денари за изнајмување на новогодишни сијалички и светлечки материјали, сите се изнајмени од  Друштво за трговија, производство и услуги МЕТАЛ-ВАТ-ЕЛ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.  

Листа од последните шест години:
2015год – 22,869€;
2016год – 23,024€;
2017год – 16,249€;
2018год – 30,292€;
2019год – 28,942€;
2020год – 20,600€. 

Низ годините наназад, Општина Охрид ако умееше мудро да управува со парите, можеше да  направи многу повеќе за помагична празнична атмосфера и да  купат украси и реквизити кои ќе и останат трајно на општината, наместо да се изнајмуваат сијалички  секоја година, а со тоа континуирано  да  го заштитуваат бизнисот на МЕТАЛ-ВАТ-ЕЛ  и сопствените интереси.

Овој начин на делење на тендери дополнително фрла сенка и сомнеж за начинот и целта на трошењето на парите, без да се земат предвид  реалните потреби и  приоритети на граѓаните.“ – стои во соопштението од Левица ЛО Охрид.