Левица: Недозволиво е пациенти да се праќаат во приватни клиники

Локалниот огранок на Левица Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Додека на глобално ниво технологијата и модерната наука нудат несразмерен развој во медицината, охриѓани и жителите на останатите соседни градови, останаа БЕЗ ФУНКЦИОНАЛЕН ТОМОГРАФ поради прегорување на рентгентската цевка, а пациентите кои мора да се снимаат на компјутерска томографија, за да добијат прецизна медицинска дијагностика со прикажување на тродимензионална слика, се препраќаат на приватни клиники, каде што треба да платат по цена за која треба да одвојат една третина од просечната работничка плата.

Дали Општина Охрид има план да елиминира некој од небитните тендери и да ги ограничи гламурозните гозби на платформите во елитните ресторани, а буџетот да го пренаменат за нова рентгенска цевка за томографот во ЈЗУ Општа болницата во Охрид?

Секој граѓанин плаќа здравствено осигурување или ако е невработен го следува осигурување од ФЗО (Фонд за здравствено осигурување), ДРЖАВАТА Е ДОЛЖНА ДА ОБЕЗБЕДИ ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ЗА СЕКОЈ ПОДЕДНАКВО!

Зарем проучувањето и лекувањето на карцином има помала важност од луксузот на олигархијата?

Постојат повеќе видови на КТ –скенирања кои се поделени по органи и системи, кои се брзи, безбедни и безболни мотеди и ГРАЃАНИТЕ мора да имаат ПРИСТАП до целата ДИЈАГНОСТИЧКА и ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА во текот на ЦЕЛИОТ ЖИВОТ!

Левица ЛО Охрид, бара ОДГОВОРНОСТ и СЕРИОЗНО ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЗДРАВСТВОТО сериозно, со цел да се овозможат услови во кои нашиот медицински кадар би можел професионално да ја врши својата работа.“ – стои во реакцијата од Левица ЛО Охрид.