29/03/2024
Охрид

Левица: Недозволиво е во 21 век да се остават илјадници жители без вода!

Партијата Левица ЛО Охрид испрати соопштение до медиумите, во кое стои:

„НЕДОЗВОЛИВО е во 21 век да се остават илјадници жители БЕЗ ВОДА!

Веќе ТРЕТ ДЕН жителите на село Лескоец, Охрид, имаат проблеми со водоснабдувањето, односно се БЕЗ ВОДА!

Посебно во време на пандемија, кога хигиената треба да биде на беспрекорно ниво, ваков пропуст од страна на Јавното Претпријатие – Водовод Охрид е нетолерантен и БАРАМЕ ИТНО ДА СЕ САНИРА ДЕФЕКТОТ!

Дали овие жители ќе имаат попуст на сметката поради неквалитетна услуга?

Дали надлежните ќе се извинат за пропустот или ќе молчат, како и вообичаено?

Покрај прекините и дефектите мора да се спомне и поскапувањето на услугата за водоснабдување. Доколку веќе се поскапува истата, треба да се зголеми и квалитетот на услугата а не само да поскапува цената, да се вработува нов кадар, да се отвараат нови Јацни Претпријатија, а повторно да тапкаме во истото место.“ –  стои во соопштението од Левица ЛО Охрид.