29/03/2024
Охрид

Левица: „Нискоградба“ и „Колекторски систем“ да се занимаваат со проблемите за кои се платени од граѓаните

Партијата Левица – Локален огранок Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Политичката партија Левица не води само Фејсбук кампања како што знае да изјави претседателот на ДПМНЕ – Сашо Донев, Левица ЛО Охрид за разлика од другите партии преку социјалните мрежи ја прикажува реалната слика од терен (фотографиите ги испраќаме во прилог).

Фејсбук кампањата ја водат јавните претпријатија, како и високите средства кои се издвојуваат за рекламирање на нивното работење по медиуми, а не ја отсликуваат реалната состојба и проблемите во Охрид.

Градот на УНЕСКО – бисерот на балканот се „дави” во фекалии.

И покрај опасноста од загадување на Охридското Езеро, проблемот кој допрва треба да се решава се наоѓа на улиците „Мирче Ацев”, „Галичица” и „Никола Карев” каде што жителите реагираат на состојбата со канализационата мрежа. Бараат одговорните „Нискоградба” и „Колекторски систем” да им обезбедат функционирање на канализационата мрежа и одводување на атмосферската вода која треба преку непречен проток да оди во Охридското Езеро.

Левица – Охрид порачува наместо да изготвуваат планови за нови партиски вработувања, да се занимават со решавање на проблемите за кои се платени од граѓаните.

Проблемот е повеќегодишен и подеднакво се заслужни ДПМНЕ и СДС. Срамно е во денешно време да се дискутира за септички јами поплавени подруми и фекалии по улиците.“ – стои во соопштението од Левица ЛО Охрид.


WebOhrid / 03.10.2022 / Левица ЛО Охрид