Левица: Новоформираното ЈП „Колекторски систем“ дополнително ќе го оптерети буџетот

„Охриѓани во минатото со години плаќаа придонеси за изградба на Колекторскиот систем, кој денес, за жал, поради расипничкото работење на сите досегашни власти, се наоѓа пред колапс. 

И, како сето тоа да беше малку, денес на граѓаните им се наметнуваат нови дополнителни трошоци со новоформираното ЈП Колекторски систем, кое ќе ја презема обврската за наплата на надомест за одведување и прочистување на отпадни води. 

Левица ЛО Охрид прашува: 

-Колку ПАРТИСКИ ПОСЛУШНИЦИ ќе бидат ВРАБОТЕНИ во ова  ЈП? 

-Колку дополнителни трошоци ќе им бидат наметнати на граѓаните со преку сметките на новото ЈП? 

-Колку дополнителни трошоци по основ на плати и придонеси ќе се одлеваат од Буџетот на Р.Македонија за нововработените? 

-Дали формирањето на новото ЈП е во функција на намалување на гломазната администрација?
-До кога ќе се користат државните претпријатија за вработување на партиски послушници, како државата да е нивна лична сопственост?“ – стои во соопштението од Левица ЛО Охрид.