29/03/2024
Охрид

Левица: Општина Охрид да го раскини договорот со „ИЦС-системи“

„БИЗНИС ПРЕД БЕЗБЕДНОСТ… Бонбона бизнис вреден 5 милиони евра, кој власта од ДПМНЕ го подари на „ИЦС-системи”, ги покажа сите олигарски замки и закани по живот за обичниот граѓанин.

Покрај лошото осветлување и трепкање на светилките, граѓаните на Охрид се соочуваат со дополнителен проблем кој е опасен по живот. Уличните бандери, на повеќе локации низ градот се со откорнати капаци со што се изложени електрични кабли под напон.

ЛЕВИЦА ЛО Охрид бара итно отсранување на овој проблем кој е опасен по живот и ја повикува Општината Охрид да го раскини договорот со „ИЦС-системи” поради неодговорното и непрофесионално работење.“ – стои во соопштението од Левица – Охрид.