25/04/2024
Охрид

Левица поднесе иницијатива за двосменско работење на градинките во Охрид

Советникот на ЛЕВИЦА Виолета Аврамоска, денес до Советот на Општина Охрид, за 12 Седница која ќе се одржи во среда на 08.06.2022година, поднесе ИНИЦИЈАТИВА за донесување одлука за двосменско работење на градинките на територија на Општина Охрид.

Оваа иницијатива е точка од предизборната програма и предизборно ветување на Левица – Охрид.

Образложение: „Двосменското работење на градинките е неопходно. Имено, во приватниот сектор, како и во индустријата, работното време на работниците се одвива во две, односно три смени, поради што се јавува проблем со згрижувањето на децата, особено на децата од претшколска возраст. Сметам дека местото на овие деца е во градинките, каде ќе бидат згрижени и каде започнува нивната социјализација. Дополнително, овој предлог го поднесувам повикувајќи се на неформални укажувања, препораки и барања од Министерството за труд и социјална политика за потребите на двосменско работење на детските градинки“. – истакна Аврамоска.


WebOhrid / 06.06.2022 / Левица ЛО Охрид