Левица: Со каков квалитет и со колкава стручност се асфалтираат улиците во Охрид?

„Сведоци сме на забрзани градежни работи на Локалната самоуправа во Охрид.

Веројатно градоначалникот и владејачката СДСМ веќе ја започнаа предизборната кампања за следните локални избори.

Но, дека тоа е само уште еден ефтин популизам на општинската власт, потврдува и денешната состојба на ул. ,,Марко Цепенко”. Имено, оваа улица беше реконструирана само пред три недели, но денес, како што може да се види на презентираната видео снимка извира вода.

ЛО Охрид со прашање до градоначалникот на Општина Охрид:

Која е фирмата изведувач на градежните зафати, конкретно на асфалтираните улици? Колку таа фирма е стручна и професионална? Зошто ЈП Водовод и нискоградба не извршија припрема на улицата? Се надеваме дека во рамките на вашата транспарентност ќе не’ удостоите со одговор.“ – стои во соопштението од Левица Охрид.