14/01/2026
Струга

Лице од Ложани нападнато со нож во Драслајца

На 19.12.2025 во 15:27 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во струшкото село Драслајца, едно лице физички и со нож го нападнало И.С.(33) од селото Ложани.

Повредениот е пренесен во Општата болница во Струга за укажување на помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршија јавен обвинител и полициски екипи.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.