19/04/2024
Македонија

Лични карти можат да се подигнат и на 15 јули

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека управните служби при МВР на територијата на целата држава, на денот на изборите (среда, 15 јули) ќе работат само за подигање на лични карти, во периодот од 7 до 19 часот, а со цел да им се овозможи на граѓаните кои претходно поднеле барање да ги подигнат личните карти и да можат да го остварат правото на глас.