29/03/2024
Охрид

Лилјана Ефтимовска, нова в.д. директорка во ОУ „Григор Прличев“

Градоначалникот Кирил Пецаков, за нов В.Д. директор на ОУ „Григор Прличев“ ја назначи Лилјана Ефтимовска, професор по историја.

Таа доаѓа на местото на досегашната директорка Ивана Маховска Шикалеска, која поднесе оставка од позицијата. Градоначалникот Кирил Пецаков и се заблагодари за досегашниот ангажман и соработка.