25/04/2024
Охрид

Лишен од слобода албански државјанин кој со лажни документи сакал да излезе од РМ

На 19.09.2018 година во 17:50 часот на Граничен премин „Свети Апостол Павле“ – Охрид, за излез од РМ се пријавил да патува Г.Д.(28) од Наполи – Италија, со италијанска лична карта за која било констатирано дека е фалсификат. Од извршениот преглед на неговиот багаж била пронајдена албанска лична карта на име К.Г.(26) од Тирана – Р.Албанија.

Лицето е лишено од слобода и против него е поднесена кривична пријава  за сторено кривично дело „Фалсификување исправа“.