09/12/2024
Охрид

Лишен од слобода охриѓанец кај кого била пронајдена прашкаста материја

На 01.08.2021 во 22:35 часот од страна на полициски службеници од одделот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје и од СВР Охрид во близина угостителски објект кај „Парк“ во Охрид, лишен од слобода е Б.Р.(41) од Охрид.

При контрола на патничко возило „БМВ“, со охридски регистарски ознаки, во кое бил Б.Р. и при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена прашкаста материја.

За настанот е известен Јавен обвинител, а по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветна пријава.