19/04/2024
Охрид

Лишен од слобода охриѓанец кај кого биле пронајдени 85 пакувања петарди

На 16.12.2021 година во 11:10 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници го приведоа и лишија од слобода Р.Л.(21) од Охрид.

При извршена контрола и преглед на неговото возило „Опел Комбо“, пронајдени и одземени се 85 пакувања со 3.260 парчиња пиротехнички средства – петарди.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


WebOhrid / 17.12.2021 / СВР Охрид