12/05/2026
ДебрцаОхрид

Лишен од слобода охриѓанец кој изнесувал марихуана од фабрика за медицински канабис

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Л.(60) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик и  по член 95 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.

Тој, претходно, вработен како инженер-агроном во фабрика за одгледување на медицински канабис во Ново Село, општина Дебрца, неовластено изнел од фабриката марихуана и ја чувал во неговото престојувалиште во Охрид со цел нејзино користење и натамошна продажба.

При претрес во просториите, извршен по судска наредба, пронајдена и одземена е марихуана, по што тој е лишен од слобода.