10/12/2025
Дебрца

Лишен од слобода охриѓанец кој со остар предмет нападнал жител од Велмеј

На 16.05.2025 во 18:20 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода М.Ј.(60) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:30 часот во селото Велмеј, општина Дебрца, се обидел со остар предмет да го нападне З.Ј.(55) од истото село и се заканувал на неговата сопруга К.Ј.(50).

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


WebOhrid / 17.05.2025 / СВР Охрид