Лишен од слобода охриѓанец кој возел бугарски мерцедес под дејство на алкохол
На 10.01.2026 во 04:15 часот на ул.„Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода И.К.(27) од Охрид.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со бугарски национални ознаки, кое го управувал И.К. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,68 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобзирно управување со моторно возило“.
