16/04/2024
Струга

Лишен од слобода стружанец кој се однесувал агресивно на бензинска станица во Драслајца

На 04.01.2020 година во 04:00 часот на бензиска станица во струшкото село Драслајца, И.М.(31) од Струга, го нарушил јавниот ред и мир со карање, викање и непристојно однесување кон вработените, а потоа и со расфрлање на производи и дел од инвентарот.

При обид за негово приведување, тој се однесувал агресивно и кон полициските службеници.

И.М. е лишен од слобода и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава.