18/04/2024
Дебрца

Лишен од слобода жител од Мешеишта кој опожарил две возила на вработени во Шумска полиција

На 05.04.2021 околу 03:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија  од слобода Н.Т.(33) од селото Мешеишта, општина Дебрца, поради сомнение дека околу 00:00 часот во селото Мешеишта, предизвикал пожар во две патнички моторни возила – „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на З.М.(41) од селото Лешани, општина Дебрца и „Санг јонг корандо“, сопственост на И.Ј.(48) од селото Требеништа, општина Дебрца, двајцата вработени во Шумска полиција Охрид.

Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Охрид, а повредени лица нема.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.