Лишен од слобода жител од Радожда поради нарушување на јавниот ред и мир
На 04.02.2026 година во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село, по претходна пријава дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
