20/06/2025
Струга

Лишен од слобода жител од Велешта кој возејќи под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна незгода во Струга

На 20.05.2025 во 15:00 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.Н.(54) од струшкото село Велешта.

Претходно, на улица „Владо Малески“ во Струга тој предизвикал сообраќајна незгода, по што со возило на Итната медицинска помош е префрлен во Медицинскиот центар во Струга, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,17 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.


WebOhrid / 21.05.2025 / СВР Охрид