Лишен од слобода жител од Волино кој нападнал фудбалер по завршување на натпревар
На 13.04.2025 во 22 часот во селото Волино, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишија С.Б.(43) од истото село.
Тој, по завршување на фудбалски натпревар од третата фудбалска лига одржан во Волино, физички го нападнал Р.Н.(25) од ресенското село Грнчари, фудбалер од гостинската екипа, кој бил префрлен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување помош.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
WebOhrid / 14.04.2025 / СВР Охрид