18/04/2024
Охрид

Литературен конкурс „Преку книгата откривам нови светови“

Во пресрет на октомври – Месецот на книгата, Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид распишува Конкурс за поетски и прозни творби под наслов: „Преку книгата откривам нови светови“.

На конкурсот може да учествуваат ученици од петто до деветто одделение од сите основни училишта во општините Охрид и Дебрца.

Учениците ќе треба да испратат по еден примерок од создадената творби во плик, а со друг примерок ќе го докажат авторството.

Искуството покажува дека творбите можат да се собираат во училиштата од страна на нивните ментори, да бидат донесени во библиотеката или пак авторите можат да ги достават лично во НУ Библиотека или по пошта со назнака за Конкурс на адреса: „Македонски просветители“ 2.

Конкурсот е отворен до 26 октомври по што жирито од пристигнатите творби ќе избере по три најдобри творби во двете категории.

Наградите на најдобрите ќе им бидат врачени во библиотеката на средба со нив и нивните ментори, а датумот ќе биде одреден дополнително.

За дополнителни информации во врска со литературниот конкурс јавете се на: 046 262 064, 075 337 010.