28/03/2024
Охрид

Литературниот клуб „Григор Прличев“ го одбележа Денот на жената

Литературниот клуб „Григор Прличев“, на еден нетипичен начин го одбележа Интернационалниот ден на жената. Настанот беше замислен како дебата за значајни жени и ликови од уметноста. На дебатата беа претставени неколку говорнички со теми како:

1. Мерсиха Исмајлоска: „Урсула Легвин, жената која зборува со змејови“

2. Марина Икономова Шокева: „Силвија Плат, дали жените обожуваат фашисти!?“

3. Еди Ќела: „Жената во делата на Халиде Едип Адивар“

4. Маја Мојсова: „Дали ова е вистинското Сега? Мајка Божја/Големата Мајка и Пророчицата Агата)

5. Кристина Тодороска Петреска: „Ени, два века пред времето“

Во дебатата активно се вклучи и публиката, а заклучоците ја потврдија потребата од континуирана борба за женски права, како дел од останати човекови права.