25/04/2024
Охрид

Литургии за Преподобен Нектариј Битолски и Св.Николај Мирликиски Чудотворец

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 17. Декември (понеделник) 2018 година во манастирот Св. Наум Охридски – Охрид, со почеток во 17:00 часот, ќе се служи вечерна богослужба по повод празникот „Преп. Нектариј Битолски“. На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

18. декември (вторник) 2018 година со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

На 19. Декември 2018 година (среда) во црквата Св. Никола Геракомија – Варош – Охрид, со почеток во 8:45 часот ќе се служи Света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. Николај Мирликиски Чудотворец“ на која ќе чиноначалстува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.