20/04/2024
Охрид

Литургии за Св.Климент Охридски и Св.вмч.Георги

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 07 декември 2019 година (сабота), ќе се служи празнична вечерна богослужба во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник – Охрид, по повод празникот „Свети Климент Охридски“ со почеток во 16:00 часот на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

08 декември 2019 година (недела), со почеток во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

09 декември 2019 година (понеделник), по повод празникот „св. вмч. Георги и преп. Алимпиј Столпник“, во црквата „св. вмч. Георги“ – Охрид, во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.