29/03/2024
Охрид

Литургија на Плаошник за Тодорова сабота, Светиот маченик Георгиј Кратовски и Светиот Власиј

Денес, во Саботата од Првата седмица на Великиот пост, кога го празнуваме споменот на св. вмч. Теодор Тирон, и на празникот на Светиот маченик Георгиј Кратовски и Светиот Власиј, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија.

Со литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г.Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештениците Љупчо Бакрачески и Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.