20/04/2024
Охрид

Мајка заврши во болница откако синот ја нападнал со бејзбол палка

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Г.Л.(34) од Охрид. Тој, казненото дело го сторил на десетти овој месец околу 20 часот во домот на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид.

При семејна расправија со родителите, пријавениот започнал да им упатува сериозни закани по нивниот живот по што започнал да крши делови од покуќнината. Во моменти на силна агресивност физички ја нападнал неговата мајка удирајќи ја со рака во предлот на градите. Физичкиот напад за кратко го спречил неговиот татко, но по кратко време пријавениот зел бејзбол палка и продолжил да ја удира мајка си, задавајќи и повеќе удари во главата. Од ударите, таа се здобила со телесни повреди во главата, левата рака и градниот кош по што била пренесена во Општата болница во Охрид.