29/03/2024
МакедонијаРегион/Свет

Македонците од Хрватска ги одбележуваат „Деновите на мајчиниот јазик“

Во рамките на одбележувањето на Деновите на мајчиниот јазик, Македонското културно друштво Илинден од Риека, заедно со Хрватското книжевно друштво, утре, од 18:30 часот, во просториите на друштвото Илинден во овој хрватски приморски град, организираат посебна манифестација во чест на Гиакоми Скоти, голем промотор на македонскиот, хрватскиот и италијанскиот јазик.

-Хрватското книжевно друштво, по прв пат, има чест да му ја додели на познатиот книжевник Скоти, книжевната награда Анте Земљар, вели основачот и почесен претседател, поетот Валерио Орлиќ, исто така, голем вљубеник и промотор на македонскиот јазик, литература, култура и општественост.

Од страна на претставници на Македонското културно друштво Илинден, на поетот Скоти, ќе му биде врачена Златна плакета за особен придонес во промоцијата на македонскиот јазик и литература, што ја доделува Здружението за култура Бран -2010 од Струга.

На свеченоиста, ќе настапат играорната група и вокали на КУД Илинден, заедно со КУД Фрателенца од Риека.

Пријателска Хрватска ги има гарантирано сите политички и национални права на Македонците кои живеат таму, за што, владата редовно од буџетот издвојува средства.

Меѓу другото, за часови по македонски јазик, за издавање на месечникот Македонски глас, додека значајни активности се реализираат и преку Македонско-хрватската тангента, со седиште во Шибеник.


WebOhrid / 24.02.2023 / Веле Митаноски