20/04/2024
Спорт

Македонија до 21 претрпе убедлив пораз од Словенија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година беше поразена убедливо од Словенија со 3:0 на последниот контролен тест пред стартот на квалификациите за пласман на Европското првенство.

Избраниците на селекторот  Благоја Милевски одиграа под очекувањето и беа заслужено поразени од Словенија. Сите три погодоци противникот ги постигна во првиот дел. Уште на стартот на средбата во 2 минута Матко погоди за предност на словенците. На 2:0 зголеми Прелец во 7 минута. Во самиот финиш од првиот дел Светлин погоди за конечни 3:0.

Во продолжението нашиот селектор направи неколку измени во играчкиот состав, но резултатот остана непроменет. Македонија се обиде да го намали резултатот, но безуспешно.

Ова воедно беше и последната контролна средба на нашата репрезентација пред стартот на квлификациите за пласман на Европското првенство.