24/04/2024
Спорт

Македонија ги продолжува подготовките за Европското првенство

Репрезентацијата на Македонија денеска ги продолжи подготовките за претстојното Европско првенсто. Атмосферата во тимот е одлична, а нашите фудбалери максимално се фокусирани на најголемиот настан ова лето.

Офанзивниот играч на Македонија, Даниел Аврамовски со нетрпение го очекуваа настапот на Европското првенство.

„Македонија постигна голем успех со пласманот на Европското првенство, но не планираме да застанеме тука. Веќе имам настап на едно вакво натпреварување со младата репрезентација на Македонија, но ова е нешто сосема различно, со оглед на тоа што играме против најдобрите репрезентации и најдобрите фудбалери. Нашите очекувања се зголемија, што е нормално, со оглед на победата против Германија. Тоа е нормално, тоа е фудбалот, секој може да победи секого. Се надевам дека ќе одиграме добри натпревари, ќе ги изненадиме репрезентациите кои ни се противници на ова првенсто и ќе ја израдуваме македонската јавност. Ќе го дадеме максимумот на секој натпревар, а останатото ќе дојде само по себе. Знаеме дека публиката секогаш е наш 12 играч и затоа се надеваме дека ќе бидат во колку е можно поголем број. Сигурно ќе дадеме максимум и ќе гинеме за светиот дрес и на крајот дека ќе ги израдуваме сите. 

Стефан Спировски вели дека е голема чест што е дел од оваа репрезентација.

„Ми претставува огромоно задоволство што ќе ја претставувам Македонија на едно вакво натпреварување, се радувам на предизвикот наречен Европско првенство. Веруваме во себе и подготвени сме да ја израдуваме нацијата. Тренираме напорно и максимално сме фокусирани на првиот натпревар што го играме против селекцијата на Австрија. Ни значи поддршката од медиумите и од луѓето. Во мојот клуб АЕК среќни се што првпат ќе имаат  фудбалери во мене и Тричковски кои ќе ги претставуваат на големо натпреварување. Македонија ќе има многу навивачи во Кипар. Се надевам дека Македонија ќе ја претставиме во вистинско светло.