20/04/2024
Македонија

Македонија и Бугарија потпишаа аранжман за соработка за обука на возачи и механичари на тенк Т-72

Министрите за одбрана на Македонија, Радмила Шекеринска и на Бугарија, Красимир Каракачанов, вчера во рамките на заедничката седница на двете влади во Струмица потпишаа Аранжман за соработка за обука на војници и подофицери – возачи и механичари на тенк Т-72.

Согласно потпишаниот Аранжман, 10 припадници на Армијата на Република Македонија во 2018 година ќе бидат обучени за возачи и механичари на тенкот Т-72 во Тренинг-центарот за специјалисти во Сливен, Бугарија.

Потпишувањето на Аранжманот, како и двата договори за соработка во областа на военото воздухопловство и лабораториските анализи на специјални горива, потпишани за време на неодамнешната официјална посета на министерката Шекеринска на Бугарија се пример за новата енергија во соработката помеѓу двете земји, која е во духот на европските и евро-атлантските вредности.