29/03/2024
Спорт

Македонија ќе игра финале за пласман на ЕУРО 2020

Македонската сениорска фудбалска репрезентација се пласираше во финалето од плејофот во Лигата на нации каде што ќе игра против Грузија откако на „Тодор Проески“ славеше со 2:1 против Косово во полуфиналето.

Натпреварот во Скопје одлично започна за нашата репрезентација, по ударот на Стефан Ристовски, Кололи си го совлада сопствениот голман во 16 минута. 

Израмнувањето пристигна во 29 минута, Хадарѓонај реализираше по паничната реакција на нашата одбрана.

За мирна пауза, но и за победа се погрижи Дарко Велковски по нафрлувањето на Енис Барди во 33 минута.

Ако Македонија ја помине Грузија на ЕП ќе игра во група со: Холандија, Украина и Австрија.