26/04/2024
Спорт

Македонија ќе игра во бараж за СП 2022

Македонската А репрезентација забележа голема победа против Исланд со 3:1 во последното коло од квалификациите за пласман на СП во Катар 2022. 

Избраниците на селекторот Благоја Милевски направија историски успех и ќе играат на бараж за пласман на Светско за првпат во нашата историја.

Алиоски во 7. минута го отвори резултатот, доби одлична топка од Трајковски, упати одличен шут со левата нога, а гостинскиот голман беше немоќен.

Во 54. минута Исланд успеа да израмни, по едно нафрлање капитенот Бјарнарсон спушти топка со глава до Торстеинсон, а тој го надмудри Димитриевски.

Кратко траеше радоста на Исланѓаните, во 65. минута по една мешаница во казнениот простор, Елмас се најде на вистинско место во вистински момент и ја врати предноста за Македонија.

Oдличниот натпревар, Елмас го крунисаа со уште еден погодок во 80. минута за конечните 3:1 и голема радост на Македонија.