Македонија на 70-то место на најновата ФИФА рејтинг листа

Македонската фудбалска репрезентација забележа скок од 1 место и се најде на 70 место на најновата ФИФА рејтинг листата, кое го дели со Саудиска Арабија.

По завршувањето на Светското првенство кое се играше во Русија, има големи промени и на врвот од ФИФА рејтинг листата. Светскиот шампион Франција забележа скок од +6 места и моментално е на врвот од листата, пред Белгија, Бразил, Хрватска, Уругвај…

Најголем скок минатиот месец забележа репрезентацијата на Русија со +21 места се искачи на 49 место, додека пак најголем пад забележа репрезентацијата на Египет од -20 места која се најде на 65 место.

WebOhrid