13/06/2026
Спорт

Македонија оди на Светско првенство 2027!

Македонската машка сениорска репрезентација со убедлива победа над Словачка од 38:23 обезбеди пласман на Светското првенство 2027!

Нашите ракометари одиграа одличен натпревар и со доминантна игра ја совладаа Словачка, потврдувајќи го местото меѓу најдобрите светски селекции.

Светското првенство 2027 ќе се одржи во Германија, во периодот од 13 до 31 јануари, а со овој успех Македонија го обезбеди своето 8. по ред учество на големите натпреварувања.

Честитки до ракометарите, стручниот штаб и до сите навивачи кои беа дел од оваа прекрасна приказна! За Македонија!