20/04/2024
Спорт

Македонија одигра 3:3 против Естонија во Талин

Македонската А репрезентација одигра нерешено 3:3 со Естонија во Талин во натпревар од третото коло од Ц сегментот од групата 3 во Лига на нации.

Со дури осум замени во почетните единаесет во однос на претходниот натпревар, македонската репрезентација го отвори резултатот во третата минута, всушност поведувајќи благодарение на автоголот на Куск.

Естонската репрезентација израмни во 33. минута со голот на Сапинен, а истиот фудбалер по еден час игра зголеми на 2:1.

Александар Трајковски во 67. минута не искористи пенал за Македонија, погодувајќи ја пречката од естонскиот гол.

Во 76. минута, Ливак беше прецизен од пенал за Естонија и водство на домашните од 3:1. Во 80. минута, Горан Пандев со погодокот за намалување на 2:3 ги врати нашите надежи за поволен резултат.

Ѓоко Зајков во 88. минута со својот прв погодок за македонската репрезентација ги постави конечните 3:3.

Во групата од Лига на нации, Македонија и Грузија го делат првото место со пет освоени бодови по три кола, Ерменија има четири, а Естонија еден бод.

Македонија: Дамјан Шишковски, Кире Ристевски, Иван Тричковски (Илија Несторовски 65`), Езѓан Алиоски, Александар Трајковски (Крсте Велковски 76`), Ферхан Хасани (Ферхан Хасани 46`), Стефан Ристовски, Тихомир Костадинов (Влатко Стојановски 76`) Бобан Николов (Горан Пандев 64`), Стефан Спировски, Ѓоко Зајков;