25/04/2024
Спорт

Македонија одигра нерешено против Словенија

Репрезентација на Македонија одигра нерешено против селекцијата на Словенија на контролниот натпревар одигран на националната арена „Филип Втори”. Пред 10 000 гледачи, избраниците на селекторот Игор Ангеловски одиграа нерешено 1:1.

Нашите фудбалери пропуштија победа во последните мигови од средбата. Во првиот дел доста динамичен ритам, без погодици, нашата селекција доминираше, имаше иницијатива, но без посериозна шанса за постигнување на гол. Македонската репрезентација поведе со 1:0, благодарение на прекрасниот погодок на Елиф Елмас, кој претходно беше одлично проигран од Езџан Алиоски. Противникот успеа да избегне пораз, во 96. минута, Црнигој погоди за радост на словенците и израмнување на резултатот.

Последниот контролен тест пред тргнувањето за Букурешт, нашата репрезентација ќе го има во петок, на 9. јуни против Казахстан на националната арена „Тодор Проески”, со почеток од 17:00 часот.

МАКЕДОНИЈА: 2. Eгзон Бејтулаи, 14. Дарко Велковски, 6. Висар Муслиу, 16. Стефан Ристовски, 16. Бобан Николов, 5. Аријан Адеми, 8. Езџан Алиоски, 21. Елиф Елмас, 9. Александар Трајковски, 10. Горан Пандев;

Тричковски, Костадинов, Аврамовски, Ристевски, Хасани, Чурлинов;

СЛОВЕНИЈА: 1.Јан Облак, 3. Јуре Белковец, 5. Јон Станковиќ, 7. Јосип Иличиќ, 8. Санди Ловриќ, 9. Андраж Шпорар, 14. Јасмин Куртиќ, 17. Миха Мевља, 20. Петар Стојановиќ, 21. Лео Штулац, 23. Јан Млакар; 

Јурчевиќ, Белец, Шешко, Црнигој, Бијол, Бохар;