23/04/2024
Спорт

Македонија се искачи на 76 место на ФИФА рејтинг листата

Македонската фудбалска репрезентација, благодарение на победата од 2:0 против Норвешка на пријателскиот натпревар, успеа да забележи нов скок од +9 места на ФИФА рејтинг листата. Македонија сега се наоѓа на 76 место.

Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листата каде останува водечката тројка Германија, Бразил и Португалија.

Најголем скок минатиот месец забележа репрезентацијата на Северна Кореја со +18 места се искачи на 114 место, додека пак најголем пад забележа репрезентацијата на Лаос од -22 места која се најде на 184 место.

WebOhrid