28/03/2024
Охрид

Македонска промоција на книга за дипломатот, професор д-р Предраг Симиќ: „Спојувајќи ги Исток и Запад“

Охрид: Македонска промоција на книга за дипломатот, професорот д-р Предраг Симиќ: „Спојувајќи ги Исток и Запад“

Академик Луан Старова: Предраг Симиќ бeше ретко успешен во спојувањето на педагошката дејност и дипломатската умешност

Универзитетот ЕВРО – БАЛКАН од Скопје и Здружението на Србите „КОШТАНА” од Охрид, денеска во Охрид, во МАНУ – Куќа на Уранија, ја одржаа македонската промоција на книгата и зборникот трудови: „СПОЈУВАЈЌИ ГИ ИСТОКОТ И ЗАПАДОТ – СПОМЕНИЦА НА ПРОФЕСОРОТ ПРЕДРАГ СИМИЌ”.

Соорганизатори беа Општина Охрид, Македонско – хрватската тангента, Клубот на дипломатите од Скопје и Здружението на ветераните од безбедноста и одбраната на Република Македонија.

На промоцијата зборуваше професор д-р Рубин Земон, од Универзитет ЕВРО – БАЛКАН, дипломатот Драган Јанатов, потоа Зоран Цветковиќ, претседател на Здружението на Србите во Охрид „Коштана”, генерал Филип Котели, академик Вулнет Старова, потпретседател на МАНУ, коментаторот Љубен Гајдов и Д-р Јасминка Симиќ, приредувач на книгата.

Во име на општина Охрид, поздравен збор oдржа заменик градоначалникот, Константин Георгиевски кој ги потенцираше врските и поврзаноста на професорот Симиќ со Охрид.

Професорот д-р Рубин Земон, го претстави професорот и дипломат Предраг Симиќ како еминентен српски и балкански мислител во науката, хуманист и талентиран дипломат, со искуство во светските дипломатски центри, како Париз, директор на Диоломатската академија при МНР во Белград, редовен професор на Факултетот за политички науки за предметот мегународни односи и надворешна политика, како и визитинг професор на многу угледни универзитети во светот. На Правниот факултет „Јустинијана Прима“ во Скопје, одржа трибина на тема: „Србија, Балканот и евроинтеграциите“.

Драган Јанатов, потсети на учеството на Симиќ, на собирот во „Куќата на Уранија” (МАНУ) во Охрид, на Втора Меѓународна конференција за културно наследство, туризам и медиуми, како и на Меѓународната конференција Дијалог на цивилизациите – Охрид 2002, на УНЕСКО, под покровителство на тогашниот претседател и негов личен пријател Борис Трајковски.

Јанатов обелодени дека токму тој и други диполомати од МНР, според насоките на тогашниот директор на Дипломатската академија во Белград, амбасадорот професор Симиќ, ги поставувале темелите на Дипломатската академија при нашето МНР во Скопје.

На Правниот факултет „Јустинијана Прима“ во Скопје, одржа трибина на тема: „Србија, Балканот и евроинтеграциите“.

Симиќ напиша многу книги, а особено забележани останаа: „Патот во Рамбуе – Косовската криза 1995-2000“, „Тито и НАТО – подемот и падот на втора Југославија“.

Академик Луан Старова, потсети на неговите дипломатски години во Париз, каде Предраг Симиќ бил еден од ретките кој ги соединувал ,во функционел спој, педагошката дејност и дипломатската умешност и бил еден од десега најуспешните наследници на бардовите на српските дипломати во француската метропола.

Неговиот животен и создаделски сопатник, д-р Јасминка Симиќ, во улога на приредувач на книгат, меѓу другото, нагласи:

„Спојувајќи ги Исток и Запад“ е сублимација на геополитичките реалности во современите мегунариодни односи, синергија на цивилизациите кои се развивале низ историјата, заедно со психолошките, интелектуални и лични карактеристики на Предраг Симиќ. Насловот укажува на фактот дека според тоа каде сме родени, сместени сме на границата помегу Исток и Запад, а во тоа поврзување, мирољубиво придонесуваше карактерот на Предраг, неговата желба како интелектуалец, најдобрите вредности од двата система на двата света, да ги примени за доброто на својата земја и толеранцијата помегу лугето.Оваа книга може да се чита на нповеќе нивоа: како учебник од мегунароидните односи и дипломатијата, како сведочење за настаните во една земја, некогашната Југославија и Србија, нои како сага за семејството Симиќ и регионот на Балканот”.

Веле Митаноски