16/04/2024
Спорт

Македонската фудбалска репрезентација во март ќе одигра две пријателски средби

Откако Македонија ги доби противниците во новото УЕФА натпреварување Лига на Нации, беа договорени и пријателски средби во ФИФА терминот во март.

Најдобрата фудбалска селекција на Македонија во март ќе одигра два пријателсни натпревари. Договорени се средби со Финска, на 23. март, 2018 г. и со Азербејџан на 27. март, 2018 г.

Натпреварите ќе бидат одиграни на неутрален терен, во Анталија – Турција.