28/03/2024
Спорт

Македонската ракометна репрезентација ќе игра против Романија во баражот за СП 2019

Денес во Загреб се одржа извлекувањето на двојките за баражот за Светското Првенство што во јануари 2019 година ќе се игра во Германија и Данска. Македонија, како дел од групата на носители во извлекувањето, за противник во баражот ја доби селекцијата на Романија.

Станува збор за незгоден противник кој во квалификациите за последното Европско Првенство се наоѓаше во група со Белорусија, Србија и Полска и заврши на третата позиција, остварувајќи победи против Белорусија и Полска. Во меѓувреме, во квалификациите за баражот за СП, ги совлада Италија (34-24) и Фарски Острови (28-20), а ремизираше со Украина (26-26).

Првиот меч од баражот ќе се игра во Скопје во периодот од 8 до 10 јуни, додека ревашнот во Романија ќе се одигра во периодот од 12 до 14 јуни.

Покрај дуелот Македонија – Романија, извчелени беа и останатите бараж двојки:

Србија – Португалија
Литванија – Исланд
Чешка – Русија
Словенија – Унгарија
Белорусија – Австрија
Холандија – Шпанија/Шведска
Норвешка – БиХ/Швајцарија
Хрватска – Црна Гора

На Светското Првенство во Германија и Данска, покрај организаторите и актуелниот шампион Франција, пласман веќе имаат обезбедено: Катар, Јужна Кореја, Бахреин, Саудиска Арабија, Тунис, Египет и Ангола. Утре ќе им се приклучи и победникот од финалето на ЕП 2018 во кое ќе се ретнат Шпанија и Шведска.

Светското Првенство ќе се игра во шест градови: Копенхаген, Хернинг, Берлин, Келн, Минхен и Хамбург. Ќе настапат вкупно 24 репрезентации, а предвидено е да се игра во периодот од 9 до 27 јануари 2018 година. Македонија досега има учествувано на вкупно 5 Светски Првенства (1999, 2009, 2013, 2015 и 2017), а најдобриот пласман го оствари во Катар во 2015 година кога го освои 9-то место.