16/04/2024
Охрид

Македонски кардиолози на најголемиот конгрес за интервентна кардиологија во светот

Кардиолози од „ ЈЗУ Завод за Кардиоваскуларни заболувања- Охрид “ и универзитетеската Клиника за кардиологија од Скопје престојуваат на најголемиот конгрес од областа на интервентната кардиологија TCT 2018 кој секоја година се одржува во САД , а оваа година домаќин на настанот е градот Сан Диего во Калифорнија.

На овој годишен собир Кардиолошкиот Завод од Охрид го преставуваа Д-р Никола Бакрачески, Д-р Дејан Манчески и Д-р Благоја Стефаноски од Охрид, а Д-р Оливер Бушлетиќ ја преставуваше Клиниката за Кардиологија од Скопје. Нивното учество на конгресот беше заокружено со успешна презентација на интересни клинички случаи и техники на работа кои се применуваат во Охрид.

На ТСТ 2018 се презентираа најновите научни и технолошки достигнувања, како и техники на работа во областа на Интервентната кардиологија, на софистициран начин преку пренос во живо од различни операциони сали од повеќе реномирани центри во светот, но и преку дидактички лекции и интерактивни тренинзи, за кои државното здравство во Македонија се обидува да следи чекор и да ги применува.

Раководителот на Интервентната кардиологија во Охрид, Д-р Никола Бакрачески одржа презентација на случаи на тема „ Како не треба да се пристапува на коронарна бифуркација“.