Македонски пливачи учествуваат на Интернационалниот пливачки митинг ‘Akropolis’ Атина 2018

На покана од Пливачката федерација на Грција, од 11 до 13 мај Пливачката репрезентација на Македонија учествува на Grand Prix Fina Интернационалниот пливачки митинг ‘Akropolis’ Атина 2018.

Пливачката репрезентација на Македонија е во состав: Иван Симоновски 50м и 100м делфин, Филип Дерковски 200м и 400м мешано и Давор Петровски 100м и 200м делфин, под водство на тренерот на репрезентацијата и потпретседател на ПФМ Томи Стефановски. Официјален делегат на македонската репрезентација е претседателот на ПФМ Александар Маленко.