29/03/2024
Спорт

Македонските олимпијци подготвени за зимските Олимписки игри ПјонгЧанг 2018

Денес, во просториите на Македонскиот олимписки комитет се одржа церемонијата на свечено испраќање на македонските спортисти кои ќе настапат на 23-те Зимски олимписки игри ПјонгЧанг 2018.

На овие Олимписки игри ќе настапат тројца македонски спортисти и тоа:

– Антонио Ристевски – Алпско скијање / дисциплини: слалом и велеслалом (освоена А норма)
– Ставре Јада – Крос кантри / дисциплини: спринт и 15 км. (освоена А норма)
– Викторија Тодоровска – Крос кантри / дисциплина 10 км/.

Македонското знаме на отворањето на Олимписките игри ќе го носи олимпиецот Ставре Јада

Официјални лица кои ќе бидат дел од Олимписката делегација се Иван Лесевски (тренер), Ѓоко Диневски (тренер), Владимир Пановски (тим лидер), д-р Небојша Настов (доктор-Претседател на Здравствената комисија на МОК), Владимир Богоевски ( МОК спортски директор) и Сашо Поповски кој ќе биде водач на Олимписката делегација на Македонскиот олимписки комитет.

На овие игри, македонската олимписка делегација ќе биде облечена во Олимписката колекција на компанијата за спортска опрема 4Ф (4fstore.com).

Македонската олимписка делегација ќе замине за ПјонгЧанг на 7 февруари.