Мапирани нови диви депонии

Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве мапираа  локации со диви депонии каде несовесни граѓани несоодветно депонирале градежен шут и други материјали од реновирање на своите објекти.

Интервенирано е  во с. Велгошти каде е расчистена дива депонија во близина на ОУ „Живко Чинго“, а во населба Свети Стефан подигнат е  расфрлан градежен шут во непосредна близина на контејнерите.