29/03/2024
Охрид

Мапирани проблемите и потребите на лицата со посебни потреби во општина Охрид

По повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, 3-ти декември денеска во Општина Охрид се одржа презентација на Извештајот од истржувањето „Мапирање на проблемите и потребите на децата/лицата со посебни потреби во Охрид“ кое го реализираше Здружението за воспитно образовна психо-социјална поддршка „ВОПС“ со финансиска поддршка на Општина Охрид.

Во рамки на настанот свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков кој искажа  своја лична заложба и подготвеност на локалната власт да даде безрезервна поддршка во насока на обезбедување на достојни услови за живеење за оваа категорија граѓани.

– Не е доволен само еден ден во годината за да им се посвети внимание на лицата со посебни потреби. За остварување на нивните права во сите сфери на живеењето, треба да бидеме посветени секој ден. Токму затоа, општина Охрид во континуитет продолжува да дава поддршка и да имплементира проекти кои овозможуваат социјална правда и сигурност за овие лица и за нивните семејства. Во согласност со општинските програми и законските регулативи за социјална заштита, овозможуваме поддршка на здруженијата и иницијативите кои се во насока на поголема инклузија на лицата со попреченост во општеството.  

Ја продолжуваме програмата за образовни асистенти, со која се овозможува поефикасно спроведување на воспитно образовниот процес на децата со лесна и средна попреченост кои посетуваат редовна наставаЗа претстојната 2022 година со средства од општинскиот буџет планирана е имлементација на проектот „Персонална асистенција за лица кои имаат потешка или најтешка физичка попреченост“. Проектот подразбира ангажирање на лични асистенти за лица кои се со тешка нарушена мобилност и овозможува помош на овие лица и нивните семејства во домашни условирече меѓудругото градоначалникот Пецаков.

Тој истакна дека локалната самоуправа продолжува да го поддржува функционирањето на дневниот центар за лица со попреченост ,,Зраци” и дневниот центар за лица со попреченост кој работи во рамки на црквата „Свети Ѓорѓија“.

Исто така, градоначалникот во своето обраќање посочи дека Општина Охрид останува посветена на креирање на проекти и обезбедување на меѓународна помош за отстранување на сите бариери на локално ниво за лицата со попреченост, поголема мобилност и пристапност до сите општински и образовни институции, како и обезбедување на соодветна инфраструктура.

Насловна слика од печатениот извештај