12/05/2026
Струга

Марш по повод 8 Март во Струга – „За секоја што молчела – ние зборуваме. Гласови што не молчат.“

Женска Инфо Точка – Струга упатува покана до сите граѓани да бидат дел од Маршот по повод Меѓународниот ден на жената.

Марш по повод 8 Март во Струга

Мото: „За секоја што молчела – ние зборуваме. Гласови што не молчат.“

📅 08 март 2026 (недела)

🕛 12:00 часот

📍 Почетна точка: Споменик на НОБ (плоштадот „Мајка Тереза“), Струга

Маршот има за цел да испрати јасна и достоинствена порака против сите облици на насилство врз жените и девојките, потсетувајќи дека молкот не смее да биде опција. Настанот е повик за солидарност, одговорност и заедничко дејствување во насока на унапредување на еднаквоста и заштитата на човековите права.

Агенда:

  • 12:00 – 12:05 Официјално отворање
  • 12:05 – 12:10 Уметнички перформанс „Тишината зборува“
  • 12:10 – 12:12 Повик за тивок марш
  • 12:12 – 12:50 Марш низ градот
    • Рута: Плоштад „Мајка Тереза“ → Чаршиски мост → Лев кеј на Црн Дрим → Мост на поезијата → Десен кеј на Црн Дрим → Плоштад
  • 12:50 – 13:00 Официјални обраќања
    • Градоначалник на Општина Струга
    • Претставник на ЗРА „Аква“ Струга
  • 13:00 – 13:10 Свечено потпишување на меморандуми за соработка
    • Формирање Совет за превенција од семејно и сексуално насилство
    • Иницијатива за отворање советувалиште за жртви на насилство
  • 13:10 Официјално затворање

Маршот ќе заврши со свечено потпишување на Меморандум за соработка помеѓу организаторите и Општина Струга, како симбол на заедничка посветеност кон создавање општество во кое секоја жена и девојка ќе живее без страв и со достоинство.

Настанот е дел од проектот „EmpowHer – Слушни храброст!“, спроведуван од Здружение за развој и активизам „Аква“ Струга, во рамките на иницијативата за јакнење на жените и заштита на нивните права, финансирана од Kvinna till Kvinna Foundation и Шведска, а спроведувана од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.