29/03/2024
Дебрца

Масовно одбележан празникот „Сите Светии – Си Свети“ во Лешани

Православните христијани денеска го одбележуваат празникот посветен на Сите Светии, во народот познат како Сисвети. Манастирот „Сите Светии“ кој се наоѓа во Лешани, во областа Долна Дебрца, Охридско е единствениот манастир во Македонија кој е посветен на сите светии.

Голем број верници го посетија манастирот, палеа свеќи и се молеа за здравје и среќа.

За многу години!

WebOhrid