25/04/2024
Струга

Маж настрада од глисер во Струга, заврши во болница

На 31.07.2019 година околу 18,00 часот во Полициска станица Струга пријавено било дека во водите на Охридското Езеро, кај месноста викана „Машка плажа“, од глисер управуван од Б.Л. (43) од с.Франгово ,струшко повреден е С.Ч. (60) од Струга. Истиот е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде му се констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.